Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПРАВИЛ ДОГОВОР ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, ПА ОСТАНАЛ И БЕЗ ПАРИ И БЕЗ АВТОМОБИЛ - нова измама на македонски граѓанин

НАПРАВИЛ ДОГОВОР ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, ПА ОСТАНАЛ И БЕЗ ПАРИ И БЕЗ АВТОМОБИЛ - нова измама на македонски граѓанин

Повозрасен жител на Тетово бил измамен при што му биле одземени над пет илјади евра. 

Тетовчанецот преку социјалните мрежи сакал да купи автомобил, при што комуницирал со лице кое се претставило како управител на странска фирма. 

Откако направиле договор преку Интернет, тој почнал да префрла пари на сметка во странство. 

Но, подоцна ја исконтактирал компанијата од која сакал да набави автомобил, при што му било кажано дека нема уплата на негово име. 

- На 19.07.2024 во 13.45 во СВР Тетово, 57-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 5.185 евра. 

Според пријавеното, преку социјални мрежи тој комуницирал со лицето кое му се претставило како управител на странска фирма за да купи возило.

Како што е пријавено, тие се договориле и тој во неколку наврати извршил уплата преку трансакциска сметка, по што комуницирал со фирмата од каде дознал дека нема уплата за возило на негово име и сфатил дека бил измамен. 

Се преземат мерки за расчистување на случајот - наведува МВР во билтенот.

Слично

Поврзани вести