„Направен првиот чекор“ - пишуваат грчките медиуми
„Историски ден за Договорот од Преспа“; „ПЈРМ: Со 80 на првото гласање за уставна ревизија“; „Одобрен предлогот на Заев за почеток на ревизија на Уставот“; „Направен првиот чекор“; „Заев најде 80 во Собранието – гласаа 8 од ВМРО- Ципрас: Честитки, пријателе Заев“; „ПЈРМ: Заев најде 80 пратеници –помина уставната ревизија“; „Помина со 80 гласа првиот чекор за уставната ревизија во ПЈРМ“; „Изгласан предлогот на Заев со 80 гласа- продолжува процесот за уставна промена“; „Заев: Започна патувањето за подобра иднина“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.
Новинарите во Грција во текот на вчерашниот ден, со интерес следеа што се случува во Македонија, како во однос на тоа дека седницата доцнеше, така и во однос на веројатноста дека е обезбедено двотретинско мнозинство за започнување уставни промени.
Кусо откако заврши гласањето, како „итна“ и „вонредна вест“, онлајн изданијата на медиумите и информативните портали го објавија резултатот и обезбеденото двотретинско мнозинство.
