„НАПРАВЕН Е НАМЕРЕН ИЛИ НЕНАМЕРЕН ПРОПУСТ, ТОЈ НЕКОЈ ТРЕБА ДА БИДЕ КАЗНЕТ“: За тоа служи финансиската полиција, вели Најчевска
Откако Фактор објави дека посебниот долг што го има Јавното претпријатие за државни патишта за плаќање пенали кон Кина поради неизградбата на автопатот Кичево - Охрид достигнал 94 милиони евра на крајот на минатата година, со став излезе професоката Мирјана Најчевска.
„Направен е намерен или ненамерен пропуст, некој згрешил, некој изманипулирал , зел поткуп, лажел. Тој некој има име и презиме и треба да биде најден и казнет.
За да не се повтори.
За тоа служи финансиската полиција а не за затворање телевизиски станици и за вработување на роднини и комшии“, напиша таа.
Слично
