Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПОРИТЕ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА МАРТИН ПРОДОЛЖУВААТ, но временските услови се влошуваат, семејството бара поддршка

НАПОРИТЕ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА МАРТИН ПРОДОЛЖУВААТ, но временските услови се влошуваат, семејството бара поддршка

Веќе 11 ден се трага по Мартин Јовановски (31) кој исчезна во водите во Грција. Тој пред 11 дена заедно со двајца негови пријатели беа однесени од морските струи на плажата во Посеиди, на Халкидики.

- 11-ти ден ги продолжуваме напорите за пронаоѓање на исчезнатиот Мартин.

За жал, работата ни станува отежната поради временските услови - стои во објавата на невладината ОФКАТХ.


Пред неколку дена во потрагата се вклучи и Горан, братот на Мартин, кој допатува специјално од САД со сопругата и 10 месечното дете за да се приклучи во потрагата и да биде со својата мајка.

Горан вчера апелираше до грчката влада повторно да помогне и да се вклучи во потрагата, бидејќи како што вели нивните финансиски средства како семејство се исцрпени. Потрагата е прескапа. 

- „Заглавени“ сме во друга држава, но не можам дома да си заминам без брат ми. Не можам да и кажам на мајка ми како да се вратиме во татковината без него. Потрагата за мојот брат станува прескапа бидејќи се изнајмуваат чамци како и подводни дронови со термални камери - вели Горан во изјава за грчки медиум. 

Додава  дека донациите им се важни и без нив не би можеле ништо да направат. На Халкидики морската струја повлече три момчиња, по што двајцата се спасија, но по Мартин уште трагаат.  Иван, едно од момчињата помина повеќе од 20 часа во море, и со помош на топка успеа да издржи додека да го спасат. 

Слично

Поврзани вести