Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПНАТОСТА НЕ ПРЕСТАНУВА - утринава нови заканувачки мејлови до 15 училишта во Скопје

НАПНАТОСТА НЕ ПРЕСТАНУВА - утринава нови заканувачки мејлови до 15 училишта во Скопје

Утирнава нови закани за поставени бомби се испратени во дел од средните училишта во главниот град. Како што дознаваме, досега, дојави за бомби се испратени на електронските адреси на гимназиите „Орце Николов“, „Георги Димитров“ и „Јосип Броз Тито“, „Панче Караѓозов“.

Закана за експлозивна направа локација во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, кое се наоѓа во непосредна близина на Клиничкиот центар. Дојави се испраќаат и на електронските адреси на гимназиите „Орце Николов“, „Георги Димитров“ и „Јосип Броз Тито“.

Дел од училишатата веќе се испразнети, а во дел во тек е евакуација на ученици и вработентие. Кај некои од училиштата пристигнати се и полициски екипи кои ќе ги вршат антитерористичките проверки.

Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека денеска (14.12.2022) околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. 

- Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите - се наведува во соопштението.

Заканите за поставени бомби пристигнуваат на адрси на средни училишта скоро еден месец, а дополнително при последните дојави, закани беа испратени и во станбени објекти.

Ова беше причини да се огласи и нашата истакната актерка Весна Петрушевска - Бејби, која апелираше надлежните да побараат помош од странство за агонијата најпосле да заврши. 

Слично

Поврзани вести