Напладне средба на Заев со Метју Палмер
Премиерот Зоран Заев во 17 часот ќе оствари средба со вршителот на должност заменик помошник државен секретар на САД Метју Палмер, соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција.
Тој истакна дека во текот на денот Владата ќе соопшти детали, а медиумите ќе може да ја проследат средбата.
„Средбата ќе биде попладнево, во зградата на Владата. Во наредниве час и половина ќе биде испратена најавата. Ќе може да се снимат инсерти, а по средбата ќе има соопштение кое ќе ги опфати сите детали за кои е разговарано“, кажа Бошњаковски
Слично
