Напишани уште 672 казни за неносење маски
Полициските службеници од почетокот на епидемијата досега поднеле вкупно 22186 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 672 налози во изминатото деноноќие.
„Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 98 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.
На територијата на целата држава на вкупно 763 лица им се издадени решенија за изолација, а 113 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лицa кои не ги почитувале овие мерки“, соопшти МВР.
При тоа, во државен карантин се спроведени вкупно 9 лица.
Слично
