Напаѓачот што ја кубеше Шекеринска на распит во Обвинителство
Напаѓачот што ја кубеше пратеничката Радмила Шекеринска и пред долго време беше идентификуван и лоциран благодарение на бројните видео снимки, вчера беше изведен на распит во Јавното обвинителство во Скопје.
Тој по Крвавиот четврток за ТВ21 тврдеше дека не ја тепал Шекеринска туку сакал да ја тргне на страна, бидејќи некој од толпата му рекол дека е жена, но немал намера да и се извини за ништо.
Засега нема информации дали ќе биде покрената кривична пријава против него и од каков вид, а не се знае дали ќе бидат предложени и мерки на задржување или претпазливост.
Слично
