Економија, финансии, бизнис

Контакт

Напаѓачот на Шекеринска ќе заврши четири години зад решетки

Напаѓачот на Шекеринска ќе заврши четири години зад решетки

Панче Ангелов, насилникот кој на Крвавиот четврток на 27 април во Собранието на Република Македонија ја нападна тогашната пратеничка Радмила Шекеринска од СДСМ, е осуден на четири години затвор за извршениот напад на дрзок начин.

Судот ги зел во предвид олеснителните околности во овој случај како што е 65 годишната возраст на Ангелов и тоа што претходно немал сторено кривично дело, но исто така зел во предвид и повеќе отежителни околности.

Казната од четири години се должи на тоа што нападот бил пренесен од медиумите и предизвикал страв кај граѓаните, а е извршен во самото Собрание. 

Осудениот Ангелов по објавувањето на пресудата рече дека казната е превисока и дека ќе се жали до Апелациониот суд. Тој го призна делото, но се надеваше дека ќе помине без казна затвор.


Слично

Поврзани вести