Напаѓачот на Пендиков пуштен од притвор
БГНЕС информира дека напаѓачот на Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, „Цар Борис Трети“, Илија Спасески, повеќе не е во притвор.
Тој во моментов е дома, но со одземен пасош,а судот во меѓувреме ја преиначи мерката „притвор“ по истекот на рокот од 30 дена.
Обвинетиот и другото непознато лице го претепаа Пендиков на 19 јануари во Охрид.
Судското рочиште е закажано за 28 февруари.
Слично
