Напаѓачот на Милевски помина само со условна казна, пратеникот задоволен од пресудата
Пратеникот Горан Милевски, кој беше физички нападнат по донесувањето на Законот за употреба на јазиците, е задоволен од пресудата, иако обвинетиот доби само условна казна.
Обвинетиот за напад врз пратеникот и лидер на ЛДП денеска ја признал вината и побарал втора шанса од судот и оштетениот. Со одредувањето на условна казна за напаѓачот, случајот е решен уште во првото рочиште. Лидерот на ЛДП, за „Макфакс“ изјавил дека е задоволен од пресудата.
– Секој има право на втора шанса, но треба да се знае дека насилството не е метод за решавање на проблемите, изјавил Милевски, кој посочил дека не побарал паричен надомест за нападот.
Слично
