ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПАЃАЧОТ НА ДАНЕЛА ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР: Обвинителството не е задоволно и ќе се жали

НАПАЃАЧОТ НА ДАНЕЛА ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР: Обвинителството не е задоволно и ќе се жали

За првиот осомничен за нападот на градоначалничката Данела Арсовска, судот определи мерка куќен притвор. 
„Обвинителството не е задоволно од ваквата одлука и ќе вложи жалба, барајќи ефективен притвор поради наведените ризици во првичното барање. Во однос на вториот осомничен, предложените мерки на претпазливост се прифатени и определени“, велат од ОЈО. 

Двајца се осомничени за насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска кое се случи вчера во Чаир. 

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Нападот се случи вчера. Арсовска кажа дека човекот со клоци ја нападнал, по што таа побара помош во болница. Добила и закани по нејзиното семејство. 

ad
Слично

Поврзани вести