Напаѓачите на Села ќе седнат на обвинителна клупа за обид за убиство
Стартува судскиот процес против лицата кои се обвинети за убиство во обид врз пратеникот Зијадин Села на Крвавиот четврток кога се случи напад во Собранието на Република Македонија.
Во кривичниот суд за денеска е закажано првото судење за обидот за убиство за обвинетите: Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески – Кобра, како и Кире Ѓоргиевски и неговиот татко.
Во мај минатата година за нападот на Села први беа уапсени Кире Ѓоргиевски и татко му за кои Обвинителството тврди дека во салата 3, каде што се одржувала прес-конференција, двајцата заедно физички го нападнале и го влечеле пратеникот Зијадин Села.
Пратеникот беше тешко повреден и заврши во болница во критична состојба. Некои од тогашните осомничени МВР ги бараше преку јавно објавени фотографии. Судот трет пат им го продолжи притворот. Предметот ќе го суди судијката Славица Андреевска.
