Економија, финансии, бизнис

Контакт

Напаѓачите на Села го оставиле затоа што мислеле дека е мртов

Напаѓачите на Села го оставиле затоа што мислеле дека е мртов

Пратеникот Зијадин Села не бил убиен во Собранието на 27 април затоа што не давал знаци на живот. 

Ова го кажа јавниот обвинител на почетокот на судскиот процес против напаѓачите на Села. Нападите и удирањето не преминале во екстрем, не затоа што сторителите се колебале, туку затоа што Села не давал значи на живот и сите мислеле дека е мртов. Сите повреди му се нанесени на главата, а најмалку две од нив биле животно загрозувачки. 

Денеска почна судењето на десет луѓе обвинети за убиство во обид на Села, за време на насилствата во Собранието на „крвавиот четврток“. 

Сите обвинети се изјаснија дека не се виновни. Следното судење е закажано за 8 февруари.

На 27 април повредени беа повеќе пратеници од владејачкото мнозинство. 

Слично

Поврзани вести