Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нападот врз Мутков според Спасовски е пресметка на криминални групи

Нападот врз Мутков според Спасовски е пресметка на криминални групи

Нападот врз Мутков е пресметка на криминални групи, тврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според првичните информации на полицијата кон Борис Мутков било пукано вчера со автоматско оружје додека се возел со својот автомобил марка “мерцедес” во скопската населба Бардовци.

„Тоа се луѓе познати на јавноста по криминални активности. Но, оставам истрагата да покаже и да ги утврди сите факти и да се види дали има поврзност помеѓу групите, настаните“,  одговори Спасовски на новинарско прашање дали има првични сознанија, дали тој напад има врска со нападот што се случи претходно во хотелот Александар Палас во Скопје, нагласувајќи дека Мутков е виден и во Собранието на 27 април.

Борис Мутков беше осуден на осуммесечна условна казна затвор за упадот во Собранието од 27 април, заради учество во толпа.

Слично

Поврзани вести