Нападнат вработен на патарина „Петровец“ со стаклен предмет
МВР во дневниот билтен известува дека со стаклен предмет бил нападнат вработен на патарина „Петровец“, а потоа напаѓачот ја искршил рампата. На инкасантот му биле нанесени повреди.
- На 05.01.2026 во 01:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека на наплатна рампа „Петровец“ во Скопје, вработениот Н.А.(45) бил физички нападнат од едно лице, кое употребило стаклен предмет и му нанелo повреди, по што со возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки ја скршило рампата и заминало, објави полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
