Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нападнат вработен на Општина Студеничани

Нападнат вработен на Општина Студеничани

МВР извести дека вчера попладне бил физички нападнат вработен на општина Студеничани додека извршувал работни задачи.

- На 11.10.2025 во 15:45 часот во Полициската станица Драчево во Скопје извршен е службен разговор со Б.М.(48), постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:50 часот во с.Батинци, кај место викано „Дрешничка река“, физички го нападнал И.Р.(35) од с.Студеничани, вработен во општина Студеничани, кој извршувал работни задачи, објавено е денес во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


Слично

Поврзани вести