Економија, финансии, бизнис

Контакт

Напад со спреј за очи во Гостивар

Напад со спреј за очи во Гостивар

МВР објави дека во казино во Гостивар се случил физички напад, во кој меѓудругото се користел и спреј за прскање во очи.

- На 18.06.2026 22:00 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.Р.(54) од  Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од И.И.(60) од Гостивар дека околу 21:00 часот физички го нападнал него и неговиот син во казино, при што употребил и метален предмет и спреј за очи. 

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, информира полицијата.


Слично

Поврзани вести