Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПАД ИЛИ ПОСЕГНУВАЊЕ ПО ЖИВОТОТ НА ЛЕКАР ИЛИ ЗДРАВСТВЕН РАБОТНИК, ЗА ПРВПАТ, ЌЕ СЕ СМЕТА КАКО НАПАД ВРЗ СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ: Ова ќе бидат кривични дела, објави Филипче

НАПАД ИЛИ ПОСЕГНУВАЊЕ ПО ЖИВОТОТ НА ЛЕКАР ИЛИ ЗДРАВСТВЕН РАБОТНИК, ЗА ПРВПАТ, ЌЕ СЕ СМЕТА КАКО НАПАД ВРЗ СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ: Ова ќе бидат кривични дела, објави Филипче

Министерот за здравство, синоќа на својот профил на Фејсбук објави дека присилба, загрозување на сигурност на лекари и здравствени работници ќе станат посебни кривични дела, кои ќе бидат внесени во измените на Кривичниот закон.

Во неговата објава наведува:

-Напад или посегнување по животот на лекар или здравствен работник, за првпат, ќе се смета како напад врз службено лице. Присилба, загрозување на сигурност на лекари и здравствени работници ќе станат посебни кривични дела, кои ќе бидат внесени во измените на Кривичниот закон. Во истиот закон како кривично дело ќе се внесе и спречување на лекарите и здравствените работници во вршење службено дејствие. На овие законски измени неколку месеци работевме заедно со Лекарската комора и Министерството за правда. Лекарите и здравствените работници ја вршат најхуманата работа на светот и секој од нас треба да биде свесен за улогата која ја имаат. Понекогаш во нивната работа постојат предизвици кои не се во нивни домен и не можат да ги надминат, но тоа не значи дека треба животот да им биде доведен во ризик. Почитувањето меѓу лекарите, здравствените работници и пациентите е взаемно, напиша Филипче.



Слично

Поврзани вести