Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАНОСИ ОД СНЕГ НА ПАТИШТАТА: Не патувајте преку овие патни правци вечерва!

НАНОСИ ОД СНЕГ НА ПАТИШТАТА: Не патувајте преку овие патни правци вечерва!

Најновите информации на автомото сојузот од 20 часот велат дека забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец Кичево - Охрид преку планинскиот превој Пресека.

Исто така, забрането движење за ваков тип на возила има и на  патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Големи снежни наноси се причина и патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН да биде непрооден.

Доколку патувате вечерва имајте на ум дека без задолжителна зимска опрема не се тргнува на пат, а и казните се големи.

Внимавајте и на коловозите кои се речиси влажни и на многу места вее снег.

Слично

Поврзани вести