Зошто доказ поврзан со смртта на малиот Алмир се даде на продажба?
Бојан Илиќ, брат на обвинетиот Бобан Илиќ, огласил за продажба возило од типот „мерцедес“ со кумановски регистарски таблички.
Според адвокатите на семејството Алиу мерцедесот требало да биде конфискуван како материјален доказ, но Судот одлучил да го врати кај семејството по спроведеното вештачење, но под услов возилото да не биде поместено од двор, сѐ додека не заврши судскиот процес. Адвокатот Асмир Алиспахиќ, вели дека братот на осомничениот, Бојан Илиќ, бил ослободен од вина за „насилство“ во случајот со Алмир и дека сега се однесува како каубој и дека индиректно се вмешал во процесот, огласувајќи го за продажба автомобилот, со кое било извршено кривичното дело.
Бојан Илиќ, денес на социјалните мрежи ја објави снимката од настанот во кој почина малиот Алмир, тврејќи дека ја докажува неговата и невиноста на неговиот брат.
„Поминаа две години, а брат ми сѐ уште е во притвор и сѐ уште се организираат протести, со цел брат ми да се осуди за УБИСТВО СО УМИСЛА, кога јасно се гледа на снимката дека се работи за несреќен случај. Единствениот виновник за смртта на детето е неговиот татко, Сеад Алиу“, вели Илиќ.
Според одбраната на семејството Алиу, против Бојан Илиќ треба повторно да биде покренато обвинение, поради објавување на материјални докази. Адвокатот Алиспахиќ, вели дека целосната верзија на снимката ја поседуваат само полицијата и Обвинителството и дека се сомнева оти видеото го објавиле токму тие.