Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАМЕСТО ВО БАНКА ПАРИТЕ СИ ГИ ЗЕМАЛ ЗА СЕБЕ: Жител на Кондово прикривал податоци, ама го фатиле

НАМЕСТО ВО БАНКА ПАРИТЕ СИ ГИ ЗЕМАЛ ЗА СЕБЕ: Жител на Кондово прикривал податоци, ама го фатиле

Жител на селото Кондово, Скопско е уапсен поради затајување и фалссификување деловни книги. Се терети дека прикрил пратки во вредност од над два милиони денари. 

Од МВР соопшстија дека единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава против Н.Н.(35) од село Кондово, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување" по член 239 став 1 во врска со став 5 и „фалсификување или уништување деловни книги" по член 280 став 1 и став 2 од Кривичниот законик, соопштија денеска од МВР.

- Пријавениот, вработен во правно лице, кое имало склучено договор за услуги со други правни лица за обезбедување, транспорт и пренос на пари и други вредносни пратки, во периодот од 27.07.2022 до 09.09.2022, во точно 15 наврати, од продажните места на клиентите примил 15 пратки со парични средства во вкупна вредност од 2.364.621 денари, кои лажно, со свој потпис и печат на правното лице, ги евидентирал дека ги предал во трезорот на банката, но ги задржал за себе, по што книгата за евиденција на примање и предавање на пратки, со внесените невистинити податоци ја доставил кај својот работодавач како доказ дека примените вредносни пратки наводно ги доставил до соодветната банка - се појаснува во соопштението од МВР.

На тој начин, се додава во соопштението, тој го оштетил правното лице за паричен износ од вкупно 2.364.621 денари, а кои противправно ги присвоил за себе.

Слично

Поврзани вести