Наместо во авион за Скопје заглавени во ладна сала во Париз
Група од пеесетина македонски патници вчера била оставена во спортска сала без греење и без соодветни услови за преспивање откако компанијата Визер полетала без нив во Париз.
Премрзнатите патници, не успеале навреме да го фатат летот поради силното невреме во Париз. Потоа принудени да чекаат следен лет за Скопје биле префрлени во спортска сала без ќебиња или соодветна топла прекривка која ќе ги заштити од студот, јавува Канал 5.
Автобусот со кој се враќале на аеродромот патувал многу бавно поради лошото време кое ја зафати Франција. Патниците раскажуваат дека авионот не бил полетан кога пристигнале на аеродромот но, од Визер немале разбирање па авионот полетал за Скопје пракитчно празен, а следен лет им бил понуден дури во сабота.
