Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАМЕСТО ВО 16, ЌЕ СЕ СТЕМНУВА ВО 17 ЧАСОТ - Владата ќе штеди, можно е да го задржиме летното сметање на времето

НАМЕСТО ВО 16, ЌЕ СЕ СТЕМНУВА ВО 17 ЧАСОТ - Владата ќе штеди, можно е да го задржиме летното сметање на времето

Министерството за економија доби задолжение од Владата да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија, информираше синоќа владината прес-служба по 88. седница на владиниот кабинет.

Инаку, летното сметање на времето требаше да заврши на 30 октомври годинава. Доколку го задржиме летното сметање на времето тоа би значело дека последниот викенд од октомври (ноќта од саботата кон неделата) нема да ги поместиме стрелките на часовникот за еден час наназад.

Во пракса тоа би значело дека во зимските месеци ќе се разденува еден час подоцна, но и денот ќе трае подолго, па наместо да почне да паѓа мрак, на пример, во 16 часот, ќе се стемнува во 17.

Слично

Поврзани вести