Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НАМЕСТО 'СОЖИВОТ' НА ГРАЃАНИТЕ НА ОВА ОПШТЕСТВО ИМ ТРЕБА СУШТИНА“: директорот Џафероски со остра забелешка за животот во Македонија

„НАМЕСТО 'СОЖИВОТ' НА ГРАЃАНИТЕ НА ОВА ОПШТЕСТВО ИМ ТРЕБА СУШТИНА“: директорот Џафероски со остра забелешка за животот во Македонија

- “Соживот” !?

Термин кој е најексплоатиран во нашето општество од страна на политичарите, а всушност истите или воопшто не го разбираат, или вешто и злобно го користат за манипулација со граѓаните..

Никаде на свет поутребуван термин, а всушност…

…термин, полн со предрасуди, термин кој алудира на апсолутно поларизирано општество во секоја смисла..

Небезбедно, гетоизирано и несреќно општество… 

Со овие зборови се огласи директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, кој напиша навистина „поетична“ објава на социјалните мрежи на темата соживот, но притоа иронично алудирајќи на недостигот на освновните услови за нормален живот на македонските граѓани. 

- “Соживот” драги мои е ЛИЦЕМЕРИЕ..!

“Соживот” е НАСИЛИЕ..!

“Соживот” е МОРАЊЕ..!

“Соживот” е de facto ПОДЕЛЕНО ОПШТЕСТВО..!

“Соживот” е СИСТЕМ ЗА ДЕЗИНТЕГРАЦИЈА..!

“Соживот” е НЕПРАВДА..!

Наместо “соживот”, на граѓаните на ова општество им треба суштина..

Им треба, ЖИВОТ ..!!!!!!

Безбедност, здравство, образование, ефикасен правен систем и правда, сигурна егзистенција, им треба систем за интеграција, драги мои….

Им треба нормален ЖИВОТ …!!!

НЕ “соживот”..!

И се додека ЕТНО-КАРТЕЛИТЕ (спасители) повикуваат на “соживот”,

граѓаните на ова општество нема да имаат, ЖИВОТ..!! - напиша на својот фејсбук профил директорот.

Еве ја неговата објава: 


Неговата објава предизвика бројни коментари, од кои голем дел се согласија со неговиот став. 

Слично

Поврзани вести