Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАМЕСТО СЛАВЕЊЕ, ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО - и на Денот на жената напади врз сопругите од сопружниците

НАМЕСТО СЛАВЕЊЕ, ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО - и на Денот на жената напади врз сопругите од сопружниците

Денот на жената за многу наши сограѓанки наместо празник се претворил во хорор. Бројни пријави пристигнале до Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден за семејно насилство, каде освен напади на сопружници врз сопругите, имало и напади од татко на син, но и од син на татко. 
Дури шест лица се уапсени во текот на вчерашниот ден поради семејно насилство, а полицијата интервенирала кај осум пријавени настани со семејно насилство.

- На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.З.(48) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга, а притоа оштетил и дел од покуќнината - се посочува во објавата на МВР.
Од таму укажуваат дека упасен е уште еден жител на главниот град, исто така поради напади кон супругата и нивниот син.
- На 09.03.2026 во 00:05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(52) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.03.2026 околу 16:30 часот во семејниот дом упатувал закани кон неговата 47-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка и кон нивниот 17-годишен син, а го оштетил и мобилниот телефон на сопругата - се посочува во објавата. 
МВР посочува дека во текто на вчерашнито ден, во 20:20 часoт во СВР Скопје, 38-годишна жена пријави дека во периодот од 06. до 08.03.2026 нејзиниот девер Г.В.(44) од Скопје, преку мобилен телефон упатувал закани кон неа и членови на семејството.

- На 08.03.2026 во 23:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.И.(65), постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом во скопско, физички ја нападнал неговата 62-годишна сопруга, при што употребил тврд предмет - соопшти МВР.

Смејно насилство било пријавено во текот на вчерашниот ден и во 21:00 часот во СВР Скопје, кога 41-годишна жена пријавила дека околу 15:30 часот во скопско била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Р..

- На 08.03.2026 во 21:20 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарви лишиле од слобода 69-годишник од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека им се заканувал на неговите 44-годишен син и снаа. При преземање мерки, кај него биле измерени 1,40 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци - се појаснува во објавата. 

Насилен случај е регистриран вчера во 14:20 часот и во Кичево, кога полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Р.С.(37) од Кичево затоа што претходно во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко.

- На 08.03.2026 во 16:00 часот во виничко село, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Б.Т.(58) од Виница. Според пријавеното, и покрај тоа што имал судско решение да не се приближува помалку од 100 метри и да воспоставува контакт, тој на 07.03. и 08.03.2026 во неколку наврати ја пресретнувал неговата поранешна 65-годишна партнерка во селската продавница, а одел и кај неа дома и ја вознемирувал и ѝ се заканувал. 

При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 3,30% промили алкохол во организмот. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави - се посочува во објавата. 

Од МВР истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Слично

Поврзани вести