Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАМЕСТО РЕСОЦИЈАЛИЗАЦИЈА, АГРЕСИЈА: Физичка пресметка во затворот Идризово, осуденик тешко повреден

НАМЕСТО РЕСОЦИЈАЛИЗАЦИЈА, АГРЕСИЈА: Физичка пресметка во затворот Идризово, осуденик тешко повреден

Вчера попладне во затворот во Идризово затвореници физички се пресметале, при што еден осуденик е тешко повреден.

Од полицијата информираат дека било пријавено дека во Казнено поправната установа-Идризово во петтото крило (затворен дел), по претходна расправија дошло до тепачка помеѓу осудениците  С.Р.(26) и М.Е. (32), двајцата  од Скопје.

Во тепачката М.Е. се здобил со тешка телесна повреда, констатирана од страна на лекар на Клиниката за Максилофацијална хирургија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести