Наместо протести бесплатни здравствени прегледи во Струмица
Здружението на граѓани „За заедничка Македонија“ денеска на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица, организираше акција за бесплатни здравствени прегледи. На штандот, медицински лица на граѓаните им вршеа мерење на телесната тежина, на шеќер во крвта, притисок и им даваа медицински совети.
– Овие бесплатни прегледи имаат за цел да ја подигнат свеста кај граѓаните за да се намали ризикот од појава на одредени заболувања каде што овие фактори имаат големо влијание. Превентивните прегледи се важни за здравјето на луѓето и во спречување на посериозни здравствени последици, рече д-р Марија Иванова.
За време на викендите „За заедничка Македонија“ не одржува протести туку различни настани за граѓаните.
Слично
