Наместо протестен марш „За заедничка Македонија“ со концерти
Иницијативата „За заедничка Македонија“ за денеска во 13 часот најави музички хепенинг во паркот Жена борец во Скопје.
Како што велат организаторите, на настанот ќе бидат упатени пораки за сочувување на унитарноста на државата, како и за одржувањето на нејзиниот мултиетнички карактер.
Протестен марш од 17 часот ќе нема, но се очекува голем број граѓани и од другите градови од земјава да допатуваат во Скопје на денешниот собир.
Слично
