„НАМЕСТО ПРАВДА - МАНИПУЛАЦИИ, НАМЕСТО ВИСТИНА - ПОТКУПЕНИ ВЕШТАЦИ“: револтот кај семејствата на загинатите расте
Револтот меѓу семејствата на трагично загинатите во неколку сообраќајни незгоди во земјвава само во поселдните години расте. Се повеќе и повеќе семејствата реагираат преку социјалните мрежи, но и преку медиумите поради неправдата која ја чуствуваат и поради „извисување од системот кој треба да ги штити“.
Сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова, преку својот профил сподели порака и вест за трагедијата која го следи смејството Радулов од скопската населба Илинден.
По загинувањето на нивниот син Алек Радулов, тие во неколку наврати во јавнсот раскажуваа за голготата низ која поминуваат за време на судењата.
- Четири години без правда за Алек.
Наместо правда - манипулации.
Наместо вистина - поткупени вештаци.
Четири години институционална лага.
Нема да молчиме! - напиша Росица на социјалните мрежи споделувајќи објава од текст со сведоштво на мајката на Алек, Мирјана.
