„НАМЕСТО НА ПРАЗНИ ЛИСТОВИ ДА ДОСТАВУВАШ КРИВИЧНИ, НА НИВ НАПИШИ ЈА ОСТАВКАТА“: Николовски му возвраќа на Трипуновски
Кога најразвојната програма во државата e суспендирана поради коруптивен скандал: се поднесува оставка, се овозможува независна истрага и се молчи од срам, а не со прес-конференции и статуси.
Кога одгледувачите на овци ќе ги добијат субвенциите?
Кога субвенциите за млеко?
Ќе се исплатат ли сите земјоделци за предаден зеленчук и овошје?
Зошто се кратат субвенции во ребалансот?
Зошто 130 милиони евра европска поддршка се замрзнати?
како се копа песок на земјиште дадено за рибник?
каде заврши земјоделското земјиште доделено изминатава година?
како точно се подготвува шемата за испумпување буџетски пари преку откупот на грозјето?
П.С.С Наместо да доставуваш „кривични пријави“ со празни листови само за да дефокусираш и да си го спасуваш образот, подобро земи ги тие празни листови и напиши ја оставката“, напиша тој.
