НАМЕСТО НА ПЛАЖА ВО БАЛИ, ОСТАНАВМЕ НА АЕРОДРОМ ВО ИСТАНБУЛ - долго планираниот одмор се претвори во кошмар
Револтирана девојка од Македонија со објава на својот Истаграм профил ги предупредува сите кои би сакале да заминат на патување во некоја егзотична или подалечна дестинација преку агенциите во соседните земји да бидат многу внимателни за да не завршат на аеродром без право да се качат во авионот со кој требало да стигнат на посакуваната дестинација
Младата Софија Митева, место слики од плажа на Бали, на својот профил постави слики од пасоши и слики од чатови со туристичката агенција за да докаже дека и покрај тоа што темелно се интересирале какви документи им требаат за посетата на Бали, организаторите не ги исполниле своите задачи, ниту пак се загрижиле што двете млади девојки останале без превоз и сместување во Турција, каде што требало да се прекачат на авион за Бали.
- Денес требаше да уживаме на некоја плажа во Бали но за жал поради лошата организација на jungle tribe тоа не е возможно!!! Се започна вака наши најблиски, драги сограѓани и идни патувачи: Се собравме на аеродромот Никола Тесла во Србија каде што требаше да летаме до Истанбул и од таму за Бали, стигневаме до Истанбул и на чекирање за Бали ни викат мене и другарка ми дека за ПАТНИЦИТЕ од МАКЕДОНИЈА е потребно ВИЗА!!!, и ние тука убаво им објаснуваме дека сме прелу агенција, дека сме група и дека визата е upon arrivel односно кога стигаме во Бали ни ја издават визата од таму. Девојката ни објаснува дека не сме во право и дека без виза не смееме да се качиме во авионот, од тука ја бараме водичката Јелена која требаше да биде со нас на патувањето и она доаѓа и им објаснува дека не се во право и дека сака да зборува со некој по надлежен. Надлежниот и покажува на компјутерот дека не е во право дека македонските државјани мораат да имаат виза. Се јавува Јелена до агенцијата и овие едвај да реагираат, ни дава Јелена број од некоја вработена и од газдава и си заминува со групата за Бали, а нас не остава апсолутно САМИ да се снаоѓаме без никави инструкции!!! (замислете да не знаевме англиски). Ние одморот за Бали го планиравме 6 месеци однапред. Уредно напишавме меил каде што прашуваме каква виза е потребна за нас, а вработена од агенцијата Јungle Tribe ни одговара upon arrival (имате доказ во следните сториња).
Притоа, бевме во транзит зона на аеродромот во Истанбул, не сакаа да ни ги дадат куферите, немаше слободни места за ниту еден лет за Белград, и ќе напоменам, сите овие информации ние ги 'собиравме' САМИ. Во меѓувреме, на boarding pass, вработрните ни кажаа дека ова НЕ И Е ПРВ СЛУЧАЈ НА АГЕНЦИЈАТА СО ТУРИСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, а кои и самата водичка претходно ни потврди дека ова веќе и се има дешавано на повеќе граѓани од Македонија (можеби ќе се пронајдат)
30 часа не спиени, уморни, без никаква помош ,единствено нешто што сопственикот на агенцијата (кого што го добивме преку Whatsapp) беше да ни ја побара комуникацијата преку маил, односно сите меилови помеѓу нас и нивните вработени - пишува Софија во објавата на Истаграм.
Софија на својот профил има многубројни фотографии од посета на повеќе туристички места како од Македонија и соседството, така и пошироко.
Таа потенцира дека објавата ја споделува со цел да ги предупреди други сограѓани кои би сакале да патуваат на сличен начин за опасностите со кои може да се соочат и да бидат внимателни при нивното планирање на следната дестинација за патување. Повеќе детали може да прочитате на Инстаграм профилот.
Фото: Принскрин/Инстаграм
