Наместо на Фејсбук покажете се на дело, стационарот нуди вдомување на кучиња-скитници
ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во периодот од 4 до 10
октомври 2018 година, ќе организира отворени денови во Стационарот за бездомни животни
„Вардариште“ и на истиот ќе може да се вдомат 60-тина кучиња-скитници или во спротивно истите ќе мора повторно да се најдат на улица.
Од стационарот велат дека „ги даваат на тацна“ прегледани од страна на ветеринарен доктор, не се агресивни и немаат никакви заболувања, стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило.
Се очекува најзаинтересирани за згрижување на овие кучиња-мелези да бидат членовите од друштвата за заштита на животните и урбаните љубители кои се во нивна постојана заштита на социјалните мрежи.
Во овој период, вратите на Стационарот ќе бидат отворени од 9 до 19 часот за сите љубители на животните кои сакаат да си одберат куче за вдомување.
- Ги повикуваме љубителите на животни наместо да купат миленик, да го посетат
Стационарот „Вардариште“ и да размислат за можноста во својот дом да му понудат љубов и
грижа на некое од овие кучиња. На сите заинтересирани граѓани, кучињата им се отстапуваат
без паричен надоместок - велат од ЈП „Комунална хигиена“, кои оваа акција ја организираат по повод Светскиот ден посветен на заштитата на животните - 4 Октомври,
