Наместо државата, синдикатот им купи греалки
Независниот полициски синдикат ќе донира панел-греалки во сите 15 полициски станици во СВР Скопје.
Донацијата е наменета за простории во полициските станици каде нема греење, како и за чуварници.
Греењето е голем проблем и за дежурните полицајци затоа што иако скопските станици се покриени со градско парно, тоа е пуштено само до 22 часот.
Првата греалка синдикалците ја донираа во станицата Беко.
Слично
