НАМЕСТО ДОНАЦИЈА ИЛИ ПОЗЈАМИЦА, ДОГОВОР ЗА БИЗНИС: „надежта се враќа со вас“ - лавина реакции за помошта за самохрана мајка со бизнис идеја
Дека има простор за помош во Македонија сите знаеме, но и дека има луѓе кои од срце помагаат, се почесто се уверуваме.
Иако вообичаено нашиот народ се сплотува за помош при лекување, фондацијата „“, која им помага на луѓе кои имаат потреба, претежно на граѓани со здравствени проблеми, овој пат со поинаков пример, кој поттикна лавина од позитивни реакции.
Како што објави доктор Ненад Лазаров, фондацијата „еКрауд“ наместо да и позајми или донира финансии на самохрана мајка од Штип, која отпочнала отворање на сопствен бизнис, пекара во Штип, договориле да платат храна во вредност од 1000 евра однапред.
- Истата храна потоа во рок од 60 дена, пекарата да ја подготвува и нуди како донација секому кој не може да си дозволи да ја плати.
Следната недела овој мал семеен бизнис ќе биде отворен во центарот на Штип.
Членовите на „еКрауд“ пак ја пренесоа приказната за штипската пекара во целост. Ќе нуди вкусни пецива за сите, а за оние кои немаат истите ќе бидат бесплатни наредните 60 дена.
Ќе има еден постер со порака “Ако немаш - земи, ако сакаш - части“ и бројчиња за донации за частење бурек или сендвич - напиша доктор Лазаров на Фејсбук.
- Се јави минатиот четврток во Фондацијата еКРАУД на телефон госпоѓа од Штип, мајка и глава на семејство. Самохрана мајка на три деца, едно полнолетно и вредно (земала кредит за да го школува на приватна академија за маркетинг, немала за факултет, на што и реков и да си имала, добро си направила вака), и две малку помали.
Сакајќи да излезе од круг на прекарни работни места по кујни во ресторани, аплицирала и добила средства за самовработување во свој микро бизнис - пекара. Се’ било добро додека не и го откажале дуќанот, во кој требало да се смести пекарата. Фирмата не работела, но генерирала долгови, набавената опрема не се користела. Сега нашла нов дуќан, но треба да плати околу 600 евра кирија и гаранција за да и дадат клуч. Сака целото семејство да го вклучи во малиот семеен бизнис, да учат и работат. Парите ги бара како позјамица.
Ми кликна поради ентузијазмот во гласот на жената. Надежта и умот. Не бара донација, бара помош да се одглави. Се слушнав со Nenad Lazarov, му кликна и нему. Решивме наместо позајмица или донација, да понудиме да платиме храна во вредност од 1000 евра однапред. Истата храна потоа во рок од 60 дена, пекарата да ја подготвува и нуди како донација секому кој не може да си дозволи да ја плати. Жената се јави во четврток, во понеделник веќе потпишавме договор и исплативме.
Следната недела овој мал семеен бизнис ќе биде отворен во центарот на Штип. Ќе нуди вкусни пецива за сите, а за оние кои немаат истите ќе бидат бесплатни наредните 60 дена. Ќе има еден постер со порака “Ако немаш - земи, ако сакаш - части“ и бројчиња за донации за частење бурек или сендвич. Ова работи Фондација ECrowd.mk - напиша Љупчо Петковски на Фејсбук.
Објавата предизвика бројни коментари, а оној кој се издвојува најмногу:
- Заради вас и слични на вас, надежта се враќа и светот е поубаво место. Немам зборови - стои меѓу бројните коментари на Фејсбук.
Слично
