Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАМЕСТО ДА ВЛЕЗЕТЕ И ДА ПЕЕТЕ ПЕСНИ КАКО ВО 2017, ВИЕ ГО ИЗБРАВТЕ ГАШИ: Мојсоска од собраниската говорница

НАМЕСТО ДА ВЛЕЗЕТЕ И ДА ПЕЕТЕ ПЕСНИ КАКО ВО 2017, ВИЕ ГО ИЗБРАВТЕ ГАШИ: Мојсоска од собраниската говорница

Место да влезете и да пеете песни како во 2017-та, вие го избравте Гаши - со ваква поента беше обраќањето на пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, кон пратениците од ДПМНЕ на собраниската седница.

- Она што искрено од вас го очекував е како и во 2017 година, вашите добри колеги како Владо Јовановски, како Богдан Илиев, како Игор Дурловски, повторно да влезат и да пеат песни и да се спротивстават на изборот на Африм Гаши за спикер на државата - истакна пратеничката Мојсоска. 

Мојсоска се спротивстави и на неоснованото и лажно тврдење изречено од страна на пратеничката Иванка Илиевска од редовите на ДПМНЕ. Историчарката по професија, Илиевска, ја обвини Мојсоска за наводно ,,руинирање на куќата на Христо Узунов".

- Првично како историчар по професија, мислам дека знаете каде точно се наоѓа куќата на Христо Узунов или лошо ве информирале од партија во обид да ја замачкате јавноста на една типична капитулација која денес ја правите - појасни Мојсоска.


Слично

Поврзани вести