Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Наместо да работат во интерес на граѓаните тие го попречуваат секој чекор“: Левица со остра критика за советниците во Град Скопје

„Наместо да работат во интерес на граѓаните тие го попречуваат секој чекор“: Левица со остра критика за советниците во Град Скопје

Уште еднаш, во Советот на Град Скопје, советниците на ДПМНЕ го попречија напредокот на градот и покажаа целосно отсуство на грижа за граѓаните.

Ова го посочуваат од „Левица“, при што истакнуваат дека и покрај тоа што во повеќе наврати беше предложена и поддржана од страна на Левица одлуката за набавка на нови еко-автобуси, која е од критично значење за подобрување на јавниот превоз и заштитата на животната средина, таа веќе две години не може да се реализира поради блокадите на ДПМНЕ.

- Со нивната победа на локалните избори, тие го започнаа овој период на невидена стагнација и мизерија, а вчера, уште еднаш, го открија своето саботерско и деструктивно лице. Наместо да работат во интерес на граѓаните и да го поддржат развојот на градот, тие избираат да го попречуваат секој чекор кон напредок.

Нивниот лидер ги уверува граѓаните дека ќе ја одблокира работата на градот и Советот, но реалноста е сосема поинаква. Со ваквото однесување, граѓаните повторно се оставени на цедило, без надеж за подобрување на квалитетот на живот во градот. Очигледно е дека ДПМНЕ не е заинтересирана за напредок или благосостојба на луѓето, туку напротив, сака да гледа запалени автобуси низ улиците на градот и луѓе кои се соочуваат со секојдневни потешкотии - потенцираат од „Левица“. 

Од партијата потенцираат дека „бесцелно е да се повикува на совеста на советниците од ДПМНЕ за да се преземе одговорност и конечно да се стави крај на оваа деструкција, со што ќе се обезбеди новиот и современ јавен превоз кој граѓаните го заслужуваат - тие тоа нема да го направат. Сега е времето на ДПМНЕ - на манипулации и блокади, наместо вистинска работа во интерес на сите скопјани“.

Слично

Поврзани вести