Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАМЕРНО ОПОЖАРЕНА ЗАТВОРСКА ЌЕЛИЈА ВО ЗАТВОРОТ ВО БИТОЛА? Од Управата за извршување санкции потврдуваат дека имало пожар, наскоро повеќе детали за инцидентот

НАМЕРНО ОПОЖАРЕНА ЗАТВОРСКА ЌЕЛИЈА ВО ЗАТВОРОТ ВО БИТОЛА? Од Управата за извршување санкции потврдуваат дека имало пожар, наскоро повеќе детали за инцидентот

Попладнево, избувнал пожар во една од ќелиите во затворот во Битола. Чадот стигнал до сите ќелии каде што се наоѓале затворениците. 

Според првичните и неофицијални информации, пожарот најверојатно бил подметнат од страна на некој од затворениците.

За гасење на пожарот интервенирале прво чуварите, а потоа пристигнале и битолските пожарникари. 

За среќа нема повредени, меѓутоа, како што пренесе „Телма“ неколку чувари кои вдишале чад, примиле соодветна лекарска нега.  

Од Управата за извршување санкции ја потврдија информацијата, а повеќе детали се очекуваат утре. 


Слично

Поврзани вести