Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАМЕРНО ИЛИ НЕ? Курти доаѓа утре, ќе се зборува ли за инцидентот со Османи?

НАМЕРНО ИЛИ НЕ? Курти доаѓа утре, ќе се зборува ли за инцидентот со Османи?

Косовскиот премиер, Албин Курти  утре, ќе допатува во Скопје, каде што ќе се сретне со неговиот македонски хомолог, Христијан Мицкоски, дознава македонското дописништво на приштинскиот портал „Газета експрес“.

Неименувани извори на порталот од владејачките структури во Скопје тврдат дека средбата на премиерите на Македонија и Косово ќе се одржи утре во 10 часот, а на неа ќе присуствуваат и членови на македонската Влада од редовите на коалицијата „Вреди“.

Како што пренесува МИА, во косовската делегација која ќе го придружува Курти за време на престојот во Скопје ќе биде и вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала.

Останува отворено прашањето дали Курти ќе сака да зборува за инцидентот со косовската претседателка.

Приштинскиот медиум напоменува дека посетата на Курти на Скопје се случува во време кога Косово упати протестна нота до Северна Македонија поради инцидентот што се случи на Скопскиот аеродром со претседателката на Косово, Вјоса Османи, кога, според официјална Приштина, аеродромската полиција побарала од неа да ја предаде личната ташна и мобилниот телефон за скенирање, по што дошло до судир меѓу обезбедувањето на косовската претседателка и членови на аеродромското обезбедување.

Македонското МВР, пак, во четвртокот вечерта соопшти дека обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши им се заканувало на вработени во ТАВ кои побарале од претседателката на Косово, Вјоса Османи да го остави телефонот за да помине на секенер кога поминувала низ гранична контрола на Меѓународниот аеродром Скопје. Од ТАВ Македонија соопштија дека одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија постапило во рамките на своите овластувања и спровело стандардна проверка на претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу и на нејзиниот багаж на пунктот за безбедноста проверка во ВИП - салонот со што, велат оттаму, воопшто не била загрозена авијациската безбедност и безбедноста на патниците. 


Слично

Поврзани вести