Намалена казната за „Ибицата“, синот на Владанка Авировиќ само со условна казна
Апелација ја намали казната од првостепената одлука за Сеад Кочан во случајот „Труст“ и управителот на „Трансмет“ доби четири години осум месеци за тендерит со ископ на гаглен во РЕК Битола.
Претходно, за бизнисменот, кого поранешниот премиер Никола Груевски во т.н.„бомби“ го нарекуваше „Ибицата“, беше осуден на шест години казна затвор.
Истовремено за истиот случај на Василије Авировиќ, управителот на „Силекс Неметали“ Апелациониот суд му изрече алтернативна мерка условна осуда, така што му се утврдува казна затвор во траење од две години доколку обвинетиот за време од пет години не стори кривично дело.
Кочан и Авировиќ во јули минатата година беа прогласени за виновни во судскиот процес „Труст“, за злоупотреба на јавна набавка. Судскиот процес траеше точно осум месеци и имаше повеќе од 20 рочишта. Кочан и Авировиќ, односно „Трансмет“ и „Силекс неметали“, според СЈО со лажни документи добиле тендер од ЕЛЕМ вреден 17,3 милиони евра.
Авировиќ е син на пратеничката Владанка Авировиќ, која ги поддржа уставните измени заради реализација на Преспанскиот договор.