Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАМАЛУВАЊЕТО НА КАЗНАТА НА БОКИ 13, БИ ГО ПОВРЗАЛ СО НЕГОВОТО УЧЕСТВО ВО ПРЕДИЗБОРИЕТО: Адвокатот Јанаки за намалувањето на казната на Јовановски

НАМАЛУВАЊЕТО НА КАЗНАТА НА БОКИ 13, БИ ГО ПОВРЗАЛ СО НЕГОВОТО УЧЕСТВО ВО ПРЕДИЗБОРИЕТО: Адвокатот Јанаки за намалувањето на казната на Јовановски

Адвокатот Јанаки Митровски, за Слободен печат го даде неговиот став за намалувањето на казната на Боки 13.

„Намалувањето на казнaта многу повеќе би го поврзувал со неговото учество во предизборието во разни популарни поткасти со огромна гледаност кога тој изнесуваше неудобни работи за тогашната власт, отколку со некакво кумство. Неспорно е дека законскиот основ постои, но за да му се намали казната без повторување на кривичната постапка поради нови факти. Меѓутоа дискутабилно е дали воопшто нов факт постои затоа што здравствената состојба му е иста и при изрекување на казна. Илјадници пати сме поднесувале исти барања по истиот основ за вонреден правен лек и истите редовно се одбивани. Тој тврдеше дека боледува од канцер, но канцерот магично исчезна и затоа повеќе ова е политичка награда отколку некакво кумство“, вели тој.




Слично

Поврзани вести