Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Намалување на ДДВ на горивата на 5 отсто, на акцизите за 4 денари и 0 проценти ДДВ за основните прехранбени производи“: СДСМ со мерки за поскапувањето

„Намалување на ДДВ на горивата на 5 отсто, на акцизите за 4 денари и 0 проценти ДДВ за основните прехранбени производи“: СДСМ со мерки за поскапувањето

Цените растат, платите не - Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да води Влада.

Се потврди сѐ она што СДСМ го говореше и за што предупредуваше – за жал, на директна штета на стандардот на граѓаните.

Ова го посочи денеска портпаролката на опозициската партија СДСМ, Богданка Кузеска на пресконфреренцијата на која истакна дека мерката на Мицкоски не даде ефект. 
- Само еден ден по прес-конференцијата на Мицкоски има ново покачување на цената на дизелот, кој сега изнесува 95,5 денари за литар.

Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да ја води Владата. Или ова го прави намерно заради заштита на приватни бизниси. Или можеби и едното и другото.

Проблемот за граѓаните е веќе тука – активирана е спиралата на раст на цените на храната.

Маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм, месото е веќе покачено.

Сѐ е поскапено, цените растат, а платите не мрдаат - нагалси Кузеска. 

Таа додаде дека „Мицкоски одби да ја покачи минималната плата на 600 евра. Сега ниту 600 евра плата нема да бидат доволни за да се преживее месецот“. 
Потоа укажа дека од политичката партија која е на власт овој период се повеќе фокусирана на дефокусирање на јавноста. 
- Наместо мерки – Мицкоски прави дефокус, Дубаи, Зграда 42 спрата, Харис Џиновиќ, Башановиќ, што ли не измислија.

„Началникот“ Латас е повторно во акција – дефокус наместо леб.

Граѓаните не можат да живеат од дефокус. Дефокусот не ги полни фрижидерите, не носи храна на масата, не носи пари во семејните буџети.

Дури Мицкоски зборува дека граѓаните „станале милионери“ и дека заштедиле, 200 илјади дневно, 1,5 милиони евра неделно.

Епа граѓаните нека ги отворат своите паричници и нека ги пронајдат тие пари. Дали се внатре - нагласи Кузеска и додаде дека срамотно е однесувањето на Мицкоски. 
Притоа оцени дека премиерот се однесува како уредник на жолт печат, со навреди и дефокус, наместо со решенија.

- Мицкоски треба да престане да штити бизнис интереси и да ги прифати мерките на СДСМ.

Намалување на ДДВ на горивата на 5%. Намалување на акцизите за 4 денари. 0% ДДВ за основните прехранбени производи. Преполовување на патарините.

Законите се поднесени, мерките се реални и издржани – применете ги.

Станува збор за најважното – за лебот, за џебот на народот, за тоа дали граѓаните ќе имаат храна да го преживеат месецот - нагласи на крајот Кузеска. 


Фото: Архива

Слично

Поврзани вести