Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намалените камати за станбените кредити Ставрески ги објаснува со „Купи куќа, купи стан“

Намалените камати за станбените кредити Ставрески ги објаснува со „Купи куќа, купи стан“
Проектот „Купи куќа, купи стан“ предизвика значителен ефект во делот на создавање на конкуренција и во делот на намалување на каматните стапки за станбени кредити во македонските банки, смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој посочи дека како резултат на овој проект каматната стапка за станбени кредити е доведена на историски најниско ниво. „Имено и таму каде што граѓаните се решаваат да користат средства од банките а не од проектот „Купи куќа купи стан“, банките имајќи предвид дека преку овој проект каматните стапки се ниски под 4%, извршија намалување на нивните каматни стапки за да можат и од сопствени средства да даваат станбени кредити“, истакнува Ставрески, според кого станбените кредити со стапка од околу 3 проценти и пониска е добра шанса за голем број на граѓани да си го решат станбеното прашање еднаш засекогаш. Според првиот финансиер, по саемот „Купи куќа, купи стан“ интересот за овој проект пораснал и се зголемува бројот на граѓани кои аплицираат за субвенции за нов дом.  
Слично

Поврзани вести