НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла
Сите возачи да бидат особено внимателни деновиве, поради појава на магла на планинските превои.
Како што инофмрираат од Македонија пат, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, но и со намалена видливост на одредени делови.
Истакнуваат дека намалена видливост поради магла има на планинските превои Ѓавато и Пресека.
- На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат - соопшти вечерва ЈП Македонија пат и апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособување на брзината кон условите на патот
Слично
