Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ ПОРАДИ МАГЛА: Возачите да внимаваат на овој патен правец...

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ ПОРАДИ МАГЛА: Возачите да внимаваат на овој патен правец...

Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на патниот правец Лисец-Попова Шапка-Лисец, информира вечерва Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Слично

Поврзани вести