Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НАМАЛЕНА ПЛАТАТА НА НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ БЕА НА ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ НА КОБНАТА НОЌ И СПАСИЈА СТОТИНА ЖИВОТИ“: ВД градоначалникот на Кочани ја шокираше јавноста

„НАМАЛЕНА ПЛАТАТА НА НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ БЕА НА ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ НА КОБНАТА НОЌ И СПАСИЈА СТОТИНА ЖИВОТИ“: ВД градоначалникот на Кочани ја шокираше јавноста

Градоначалникот на Кочани Венко Крстевски во објава на Фејсбук открива дека медицински лица од ЈЗУ Општа Болница Кочани добиле намалена плата поради користење на боледување и покрај тоа што кобната ноќ на 16 март кога се случи катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ тие спасувале животи.

Според градоначалникот, во кочанската болница нема елементарни услови и нема опрема, а има страшно нарушени меѓучовечки односи поради разместувања во рамките на самата институција. Крстевски на Фејсбук ги коментираше целокупните состојби во градот и нефункционалностa од сите аспекти.

„На прашањето ,,Знаеш ли на што си се нафатил?”

Општина Кочани еден месец БЕЗ Градоначалник и Секретар, општинските инспектори под мерки за претпазливост, финансиските служби под тотално непотребна репресија, лоша клима за работа.

КЈП Водовод Кочани две недели БЕЗ Директор и три месеци БЕЗ Технички, ДОЛГ над ТРИ милиони евра, дефицитарен кадар во делот на оперативци и општ хаос создаван со децении.

Школите тонат во долгови, над 200 деца во предучилишна возраст чекаат ред за запишување во градинка.

Територијалната противпожарна единица со број на вработени НА ПОЛОВИНА од ЗАКОНСКИОТ МИНИМУМ, опрема лимитирана, возен парк дотрајан во лоша кондиција и просечна старосна граница од 46 години.

Полициска станица Кочани поради сите настани, суспензии, истраги, реално не е ниту на 20% од капацитетите.

ЈЗУ Општа Болница Кочани нема елементарни услови во делот со опрема, а ИМА страшно нарушени меѓучовечки односи поради разместувања во рамките на самата институција, намалена плата на неколку лица кои беа на првите борбени редови во кобната ноќ и спасија стотина животи (поради користење на боловање).

Ќе си дозволам да цитирам еден голем идеолог ,,Јас имам сон!”.

Ве повикувам и охрабрувам да дадете придонес за остварување на овој сон, кој верувам дека е желба на сите млади и возрасни жители на Кочани.

Споделете го овој статус сите кои можете, за да дознае цела јавност.

Со почит, В.Д. Градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски -објави ВД Градоначалникот.


Слично

Поврзани вести