Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмала излезност во Шуто Оризари, најголема во Пробиштип: За Скопје, излезноста е помала отколку во првиот круг

Најмала излезност во Шуто Оризари, најголема во Пробиштип: За Скопје, излезноста е помала отколку во првиот круг

Од пристигнати информации од 92,94 проценти од избирачките места во кои се гласа во вториот круг, може да се види дека најмногу граѓани гласаат во Пробиштип, а најмалку во Шуто Оризари. Излезноста на територијата на Македонија е 9,16 проценти.

Најмала е излезноста во Шуто Оризари или 5,97 проценти, а најголема во Пробиштип 22 проценти.

За Град Скопје, гласале 8,30 проценти, односно, гласале 35.097 гласачи. За избор на градоначалник на Скопје, најголема е излезноста во Карпош, 10.83 проценти, а најмала во Сарај 1.86 проценти. Статистиката вели дека процентот на избирачи кои гласале во првиот круг бил 9,37 проценти. 

Слично

Поврзани вести