Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАКОВ ВО КЛИК ПЛУС: Во една таква режија немавме органи кои ќе ја откријат вистината

НАКОВ ВО КЛИК ПЛУС: Во една таква режија немавме органи кои ќе ја откријат вистината

Во дебата на Клук плус на ТВ 21  на тема „Судските случаи остануваат во фокусот на јавноста“ синоќа  адвокатот Звонко Давидовиќ изјави дека сите адвокати и судии кои трошат народни пари, нема зошто да не бидат снимани. 

„Штом некој врши јавна функција не може да рече: Не ме снимај!- вели Давидовиќ. 

Адвокатот Александар Наков рече дека во една таква режија и конструкција, немавме органи кои ќе ја откријат вистината. 

„Зошто? Затоа што не функционира полицијата. Kаде беше обвинителството кое е должно да ја води работата, да ја насочува полциијата, дали се тоа лица кои се занимаваат со дрога или се терористи“- рече Наков. 

Наков вели дека кај нас кога ќе се земе во целина, ниту една од службите не функционира како што треба и тоа е наведено во извештајот на Прибе. 

Ване Цветанов, екс директор на Агенцијата за спречување на перење на пари кој беше политички затворен рече дека на територија на Македонија огромен број судии ја злоупотребувале својата работа, иако вели има и чесни судии. 

Слично

Поврзани вести