Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наќе Чулев со повик до граѓаните да го поддржат протестот на полицискиот синдикат во вторник

Наќе Чулев со повик до граѓаните да го поддржат протестот на полицискиот синдикат во вторник

Наќе Чулев, поранешниот технички министер за внатрешни работи, упати повик до граѓаните, како што вели, да го поддржат протестот што го организира полицискиот синдикат во вторник.

„Ве повикувам заеднички да дадеме поддршка на настанот кој ќе се одржи во вторник (27.10.2020 година) и истовремено апелирам да се почитуваат неопходните протоколи за заштита на здравјето“, напиша Чулев на Фејсбук.

По повод Европскиот ден за човекови права, напиша дека искуството во изминатиот период покажало дека човековите права грубо се кршат и злоупотребуваат.и додаде дека дека вработените во Министерството за внатрешни работи заслужуваат подобри услови и почитување на нивните права, а тоа значи достоинствен живот.

„Денес е Европскиот ден за човекови права, а искуството во изминатиот период покажа дека тие грубо се кршат и злоупотребуваат. Вработените во Министерството за внатрешни работи заслужуваат подобри услови и почитување на нивните права, а тоа значи достоинствен живот. Сите заеднички можеме да го постигнеме тоа. Професионализмот во полицијата мора да се врати!“, додаде поранешниот министер во техничката влада.
Протестот е најавен на улица Јордан Мијалков во Скопје во 17.45 часот.



Слично

Поврзани вести