Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наќе Чулев: Се трошат последните обрасци за издавање пасоши

Наќе Чулев: Се трошат последните обрасци за издавање пасоши

Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, денеска одговарајќи на новинарско прашање на пресот на ОБСЕ, МВР и Совет за етика во медиумите рече дека се трошат последните обрасци за издавање пасоши.

- Алармантна е ситуацијата во областа на патните исправи. Оние од тип Б речиси и да ги нема, а патни исправи тип А, оние на македонски јазик, ги имаме до кај 10 февруари.,Веќе имаме редуцирано издавање. Тоа е проблем кој што го наследив. Резултат е на лошо планирање и анализа, вели Чулев.

Тој додава дека следната нарачка е предвидена по 15 март и дека се преговара со фирмата која ги набавува да се најде начин да се затвори временската „дупка“.

- Имаме еден сериозен проблем и „гап“ од еден месец. Во преговори сме со фирмата-добавувач на обрзаците за лични документи. Јас во текот на оваа недела ќе го сондирам проблемот, кој е алармантен. Наредната недела ќе имам повеќе детали, додаде Чулев.

Слично

Поврзани вести